За нас

СТОИМЕНОВ ДООЕЛ е компанија која успешно работи и опстојува повеќе од 30 години на Македонскиот пазар. Основана е далечната 1992 година во Кочани, со примарна цел за изградба на инфраструктурни објекти и објекти од нискоградба.

Првите објекти во нашето портфолио беа телекомуникациски мрежи во скоро сите населени места од Источниот дел на Македонија, кои ги изведувавме од самиот почеток па се до 2005 година. Со тогашниот развој на државата и зголемената изградба на локални, регионални патишта и улици, набавена е опрема за асфалтирање со што стануваме првата приватна компанија од источниот дел која поседува опрема за асфалтирање. Успешното менаџирање и раководење со компанијата, кое се заснова на следење на сите текови, случувања и потреби на нашите партнери, придонесе до развој, проширување и усовршување на услугите и производите кои што ги нудиме.

Наша цел во иднина

Наша основна цел за во иднина е внимателно да го следиме развивањето на нашите партнери и во секој момент да одговориме на нивните барања, навремено и професионално. Посветуваме големо внимание на зачувување на природата, ќе продолжиме со инвестирање во најновите технологии на градежни машини со низок степен на издувни гасови, применуваме нови технологии и материјали за градење кои го подобруваат квалитетот на градбата и го забрзуваат процесот на градење. Остануваме верни кон нашите партнери и спремни за предизвиците кои доаѓаат.

Индустриска, Кочани 2300
Понеделник - Сабота: 7:00-18:00
mk_MKМакедонски јазик